Недостигот од гориво го попречило уривањето на авионот на Ердоган

Недоволното количество гориво е причината поради која воениот авион ловец само го пресретнал, но не го урнал оној на турскиот претседател за време на обидот за преврат во Турција на 15 јули, јави телевизијата Си-Ен-Ен Турк.

Авионот Ф-16 на бунтовниците само му се доближил на ТС-АТА, авионот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, доволно за да го гранатира. Тоа се е случи над западниот турски округ Баликесир, додека Ердоган патувал за Истанбул, пишува весникот „Јени шафак”, пренесува МИА.

Претседателскиот авион полетал од аеродромот во местото викано Даламан, во округот Мугла, во 1:43 ч. на 16 јули. Преземени биле сите потребни безбедносни мерки. Заради претпазливост, пред да се насочи кон Истанбул, авионот околу половина час кружел во воздух над градот Бандрма. Во тој момент „ловецот“ тргнал од Истанбул и му го пресекол патот на Ердоган. Сепак, на крајот „ловецот“ бил принуден да се повлече поради недостиг на гориво.

По повлекувањето  „ловецот“, авионот на Ердоган слетал на аеродромот „Ататурк” во Истанбул, додава весникот.