Недвед vs. Тоти

Никако да стивнат реакциите по дербито помеѓу Јувентус и Рома. По изјавата на Тоти во која најостро ги нападна судиите и Јувентус, се огласи и директорот на Јуве, Павел Недвед.

„Иако Франческо ми е пријател и вистински шампион, на крајот од натпреварот бев лут на него поради она што го кажа пред камерите” – изјави Недвед.

„Тоти никогаш не играл во голем тим каков што е Јувентус и од таа причина не знае како е да се работи во толку важен клуб. Сите се против Јувентус, зад нас ги имаме само фановите, сите останати се против нас. Би рекол дека тоа има ефект и врз судиите, кои се плашат да досудат одлука во наша полза. Рома повторно има фантастичен тим, Тоти игра одлично и му честитам за тоа што го прави на теренот, но не и за она што го зборува надвор од него. Доколку беше во мојот тим и изјавеше дека ќе завршиме на второто место, ќе му ја симнев капитенската лента”.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.