Неформална средба на ПСЈИЕ во Тирана

Министрите за надворешни работи од државите од Процесот за соработка во ЈИЕ од денеска ќе почнат да пристигнуваат во Тирана каде утре ќе имаат неформална средба.

На средбата ќе присуствува и високиот претставник на ЕУ за прашања на надворешната политика и безбедноста, Федерика Могерини. Таа наведува дека ЕУ целосно ќе ги поддржи иницијативите за засилување на регионаланата соработка.

Министерот за надворешни работи на Албанија Дитмир Бушати вечерва ќе организира работна вечера за учесниците. Албанија е ротациски претседавач со Процесот за соработка во ЈИЕ. Членки се Албанија, Бугарија, Грција, Македонија, Романија, Србија, Турција, БиХ, Хрватска, Молдавија, Црна Гора и Словенија.

фото: МИА