Спорт

Негата за Шумахер чини 100.000 фунти неделно

Негата за Шумахер чини 100.000 фунти неделно

Поранешниот Ф1 шампион, Михаел Шумахер, кој по страшната скијачка несреќа и претрпените операции на главата се наоѓа на домашно лекување во Швајцарија, сега е згрижен од персонал кој брои околу 15 членови.

Покрај неговото семејство, во вилата постојано има доктори, медицински сестри и масери, кои се грижат за него и му помагаат да се врати во нормала.

Иако е тешко да се дојде до некаква информација или слика, особено што сите членови на персоналот при влегувањето во вилата ги остваат своите мобилни уреди надвор, сепак протече информацијата дека грижата за Шумахер неделно чини околу 100.000 фунти.

Најавено е дека враќањето на Шумахер ќе оди многу полека, меѓутоа сите се оптимисти дека тој сепак ќе може нормално да функционира. Неговата сопруга нема да штеди пари за неговото здравје, а тој и понатаму ќе биде максимално згрижен во вилата вредна 35 милиони фунти, која сега е претворена во мини – болница, а во дворот има и писта за хеликоптер.