Секс

Негативни ефекти од сексот

Негативни ефекти од сексот

Сексот го зајакнува имунитетот, ве ослободува од стресот и ви помага полесно да заспиете. За чувството на задоволство да не зборуваме. Сепак, најверојатно не сте знаеле дека постојат и негативни ефекти. Еве некои од нив.

Вртоглавица и мачнина

Постои можност врвот, што партнерката ќе го доживее да биде доста интензивен.

-По интензивните, повеќекратните нивоа на стимулација, како што се клиторисните, вагинални, ректални, а понекогаш и сите одеднаш, жените може да доживеат преоптеретување на нервниот систем, вели Џенифер Берман, директорка на Здравствениот центар за жени „Берман“ во Лос Анџелес.

Телото на жената испушта неврохемикалии, а крвните садови се шират, поради што може да почувствува вртоглавица или мачнина. Ова може да им се случи и на мажите, а забележани се и случаи на феноменот посторгазмичен синдром на болест, поради што мажите искусиле симптоми на грип неколку недели по интензивниот оргазам.

Депресија

Сексот може да го подобри вашето расположение, но според истражувањата во Австралија во 2011-та година, една третина од жените признале дека почувствувале депресија барем еднаш по доживувањето на оргазмот. Околу 10 отсто од жените редовно се чувствуваат тажно, анксиозно и изиритирано по совршениот секс, што најверојатно се должи на хормоналните промени во организмот.

Главоболка

Сакате да ја извадите од памет вашата партнерка, но не и да предизвикате главоболка, а сексот може да предизвика мигрена и кај мажите и кај жените. Интернационалното друштво за главоболка детектира два типа на главоболка по сексот: Првиот тип е карактеристичен за периодот пред оргазмот, каде притисокот се создава заедно со сексуалното возбудување, а другиот тип се одликува за експлозивните болки во главата по оргазмот.

Алергии

Внимателно изберете го кондомот, затоа што некои луѓе се алергични на латекс или на некои лубриканти, а во одредени случаи можно е девојката да биде алергична на семената течност.