Негативните особини на секој од хороскопските знаци

Вага

Единствениот воздушен знак со искрени емоции, но и прилично несреден. Склони се кон убави и ретки нешта, тие се добри декоратери и пријатели. Жените Ваги не се оптоварени со конзервативното воспитување во љубовта.

Недостатоци: Многу трошат, каприциозни се и незнаат што сакаат во животот, често се невротични.

Скорпија

Депресивен и мошне мистериозен знак. Често се крие зад маската на некој што се шегува, успешен во работите што бараат динамика – маркетинг, професионален возач, промотер итн. Ја сакаат дрогата, а ако дрогата е премногу екстремна, алкохолот има улога на вода.

Мошне се љубоморни, импулсивни и одмаздољубиви. Во комбинација со Бик имаат 100 отсто чиста страст. Склони се кон разбивање и деструкција на себе си и на останатите.

Стрелец

Филозофи исполнети со среќа, луди возачи, често коцкари и хазардери. Нема да попуштат кога ќе застанат зад нешто, ниту пак ќе признаат дека не биле во право – слично како Лавовите. Тие се кардинален знак. Нивниот збор воглавно мора да биде последен, иако некогаш знаат и мудро да молчат. Не сакаат стеги и конзервативизам, отворени се максимално и склони се кон дебати. Со нив може да се соработува. Воглавно се атеисти и агностици.

Јарец

Материјалисти. Знаат да бидат мрзеливи и тврдокорни. Може да израснат во математичари или програмери, но воглавно не успеваат да дотуркаат премногу далеку. Но, ако се фатат за некоја работа, може да ја завршат до перфекција. А може да им стане и неубаво па сето тоа да пропадне.

Прифаќаат само „бетонски“ докази за било што, посебно за духовноста (иако постои можност и на тие докази да им најдат забелешка). Цинизмот и растуреноста не им се непознати, а некогаш знаат и туѓите успеси да си ги припишат себе си. Сепак, тоа воглавно не се лоши луѓе, а жените Јарци исклучително држат „висока цена“.

Водолија

Со променлив карактер, плитки емоции (си замислуваат слично како Близнаците дека тоа се исконски, длабоки емоции, но не треба да се обидувате да ги разубедите), мошне се паметни, понекогаш речиси генијални, прилично сестрани. Тие се добри пријатели, но поради искреноста и отвореноста некои знаат да им замерат. Сакаат да се шегуваат, но истовремено се и хумани.

Слично како Близнаците од една страна се алтруисти и велат дека во ерата на Водолијата не чека нова ренесанса и напредок, но од друга страна прво мора да дојде Содома и Гомора па катаклизмата. Учествуваат често во оргии и поголемиот дел од нив се склони кон алкохол и шетање.

Риби

Сите знаци се обединети во овој знак, што секако не е добро. Кризата на идентитетот, дивергенстноста што предизвикува поделеност на сите страни, контрадикторноста, па најсилно изразената променливост на расположението се карактеристики што не се за пофалба. Тоа може да биде личност што ладнокрвно ќе ви ја откине главата или ќе се расплаче ако и’ ја погодите болната точка.