Го загубил животот, откако пред него експлодирал апарат за кондоми

Човек го загуби животот на Божик откако апарат за кондоми експлодирал пред него. Според полицијата, 29-годишно момче го загубило животот откако тој заедно со двајца пријатели закачиле бомби на машина за кондоми во една тивка улица, пишува „Дејли Експрес“.

Крадецот наводно се обидел да се скрие во автомобилот но не успеал да ја затвори вратата навреме и бил погоден во главата од шрапнел.

aparat-kondomi-2

Неговите пријатели го однеле во болница каде подоцна им подлегнал на повредите. Тие во болницата во германскиот град Шопинген изјавиле во болницата дека нивниот пријател бил невнимателен и паднал по скали.

aparat-kondomi-3

Сепак еден од нив подоцна признал пред полицијата дека тие го разнеле апаратот за кондоми.

Полицијата потврди дека парите од апаратот дека не биле земени, туку ги нашле расфрлани на земјата. Двајцата преживеани биле задржани во притвор, а потоа и ослободени.