Неготинчанката Драгица Камчева освои 100 илјади денари во Скопје

Драгица Камчева е дамата од Неготино која го надополнува среќниот круг на добитници на Државна лотарија на Македонија. Таа благодарение на Инстант лозот Детелинка стаса до убавата премија 100 илјади денари која сигурно ќе внесе дополнителна возбуда во празничните денови кои следат.

Драгица е студентка на технолошко металуршкиот факултет во Скопје. Својот среќен Инстант лоз Дететлинка го купила во продажното место Так Тобако во скопската населба Карпош 4.  Интересно е што до овој лоз стасала откако претходно заменила  дури шест други инстант лоза кои имале добивка од 40 денари. Едноставно, среќата и испраќала сигнали кои ја довеле до премијата од 100 илјади денари.

Покрај над 60 вoзила во останатите инстaнт лозови, во Инстант лотаријата Детелинка досега имавме дури тројца добитници со парична добивка од 500.000 денари.