Неготино: Откриени девет илегални мигранти во две возила

Во две возила најдени се вкупно девет илегални мигранти. Како што соопшти МВР, вчера околу 01,30 часот на клучка – Демир Капија полициски службеници од Неготино забележале две возила во кои се превезувале илегални мигранти.

Во првиот автомобил „Пежо 206“ со бугарски национални ознаки, а  управуван од Х.Д.(22) од Прилеп се превезувале четири илегални мигранти од Ирак и во вториот автомобил „Сеат Толедо“ со кумановски регистерски ознаки чиј што возач откако го напуштил возилото избегал, а во кое се превезувале пет илегални мигранти од Ирак.

Осмоничениот и илегалните мигранти околу 02,30  часот се приведени во Полициската станица во Неготино и со истите е извршен разговор. По целосно расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен кривичен поднесок, а илегалните мигранти ќе бидат сместени во прифатниот центар за странци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.