Негувателката што изгоре дете со кафе ќе добие отказ

Отказ од работа ќе добие негувателката која вчера истурила врело кафе врз лицето на детето додека тоа спиело во своето креветче во детската градинка „Чекорче“, клон на градинката „Срничка“ во скопската населба Аеродром.

Настанот се случил вчера во занималната на постара предучилишна група. Додека едно од девојчињата лежела во своето креветче, негователката влегла со филџан штотуку сварено кафе иако не било време за пауза. Во еден момент филџанот со врело кафе се истурил врз левата страна од лицето и окото на девојчето. Девојчето се здобило со изгореници од прв степен во пределот на окото и левата јаболчница, по што било однесено на Клиниката детска хурургија од страна на родителите.

По пријава на родителите, случајот беше обелоденет во Билтенот на МВР. Полицијата работи на расчистување на случајот.