Неидентификуван велосипедист во кома откако го удри автомобил

Засега неидентификуван маж на возраст меѓу 60 и 70 години во коматозна состојба е пренесен на скопскиот Ургентен центар, откако во саботата додека управувал велосипед настрадал во удар на автомоби.

Несреќата се случила во саботата околу 17,30 часот во Скопје на крстосницата од булевар „8-ми Септември“ со улицата „Момин поток“, кога автомобил „фиат добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 61-годишниот С.П. од Скопје удрил во велосипед управуван од непознато машко лице на возраст меѓу 60 и 70 години, информираше во неделата СВР Скопје.

Во незгодата со повреди се здобило лицето кое го управувало велосипедот и со возило на Брза помош е пренесено во Ургентен центар – КАРИЛ, каде му се констатирани тешки телесни повреди (коматозна состојба) и е задржано на натамошно лекување.