Неијмар се рехабилитира играјќи самба со скршена нога

Една од најголемите светски фудбалски ѕвезди, Бразилецот Неијмар во моментов се наоѓа на рехабилитација во својата татковина, откако го повреди стапалото на натпреварот на неговиот тим „ПСЖ“ со „Марсеј“ на 25 февруари.

Тој деновиве го прослави роденденот на својата сестра Рафаела во друштво со девојката, манекенката Бруна Маркезин.

Како се забавувал Бразилецот, покажал на својот службен профил на Инстаграм. Како да немаше доволно причини и досега за револт кај навивачите на „ПСЖ“, со кои е во константна војна, тој сега само го запали маслото на огнот. На видеото од забавата Неијмар игра самба со оперираната нога.

Ако навивачите на парискиот клуб се гневни на бразилецот, на сопствениците на „ПСЖ“ сигурно им се крава косата на глава како нивната инвестиција тешка 222 милиони евра си игра со своето здравје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.