Неимар: Барса нема да ми биде последен клуб

Последната милионска аквизиција на каталонскиот гигант Барселона, бразилскиот интернационалец Неимар откри дека не планира до крајот на својата фудбалска кариера да престојува на “Ноу Камп”.

“Едно е сигурно, мојата кариера нема да ја завршам на “Ноу Камп”. Неимар ќе се пензионира како фудбалер на Сантос. Уште не знам дали сум подготвен, дали сакам да играм за некој друг тим кој се натпреварува во Бразил. Јас не гледам никаков проблем во тоа да седнам на преговарачката маса и да ги разгледам сите понуди кои пристигнале на мојата адреса. Не е важно дали е понудата од некој клуб кој е од Сао Пауло или од Рио или пак од некој друг бразилски град. Парите не се главната причина поради која си заминав од редовите на Сантос. Сакав да живеам мојот најголем сон, да играм во друга лига, да играм во Лигата на шампиони. Сакав да поразнам, да еволуирам, да научам нов јазик. Тоа ме мотивираше, поради тие причини јас се преселив во Европа”, изјави Неимар.