Неимар: Германија е за класа подобра од Бразил

Бразилската фудбалска репрезентација не успеа да се закити со титулата светски шампион на првенството кое неодамна заврши во нивната земја. Тие во полуфиналето беа поразени со 7:1 од Германија. Ова беше најтешкиот пораз за “кариоките“ во историјата, а нивната најголема звезда Неимар, призна дека Германците се за класа подобри од нив.

„Да не се лажеме, бразилскиот фудбал моментално е далеку зад германдскиот или пак шпанскиот. Треба да го признаеме ова , а потоа да се фатиме за работа. Проблем дефинитивно постои , а истиот можеме да го режиме само со напорна работа. Во Европа ставаат сериозен акцент на тренинзите , сите фудбалери го даваат максимумот на теренот и се свесни дека од играта што ќе ја прикажат им зависи местото во тимот. Во Бразил не е така и се тренира без никаков притисок во мирна атмосфера , но колку што е тоа добро, толку е и лошо. Недоволната работа на тренингот придонесува да не се напредува како што треба и да не се постигнуваат успесите кои се очекуваат од нас“, изјави Неимар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.