Неимар го тужи Плејбој

Најголемата ѕвезда во бразилската фудбалска репрезентација Неимар го тужи машкото списание Плејбој, заради тоа што девојката која е на насловната на новиот број Патриша Џордан, е претставена како негова поранешна девојка. “Бринета која го фасцинираше Неимар”, пишува на насловната на списанието. Токму ова го налути Неимар , кој веднаш го ангажираше својот адвокат.

Според информациите на бразилскиот весник “Глобо” , Неимар никогаш не ја видел девојката . Моментно тој излегува со актерката Бруна Маркезине , со која кусо време беа разделени пред почетокот на првенството во Бразил.