Неимар не сака никаква комуникација

Родриго Ласмар, репрезентативниот доктор на Бразил и официјално потврди дека Неимар е тешко повреден и нема да настапи до крајот на Мундијалот, но и дека нема да биде извршена никаква хируршка интервенција.

Фудбалерот на Барселона има напукнување на третиот лумбален прешлен на ’рбетот, повреда што воопшто не е наивна и која бара мирување во следните четри до шест недели.

„Не е потребна операција како што се чинеше во прв момент, но ќе мора да биде имобилизиран и нема да може да игра до крајот на Мундијалот. Премногу е разочаран, со никого не разговара. Го уништи еден ваков крај за него на првенството. Сега ќе мора да работиме со него и од психолошки аспект“, изјави репрезентативниот доктор на Бразил.