Неимар распали по тие кои го критикуваат Меси

Бразилскиот интернационалец од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Неимар, остро ги нападна сите тие кои во изминатите неколку дена јавно го критикуваа аргентинскиот интернационалец, Лионел Меси и го дефинираа како најголем виновник за очајната сезона на Барса како на домашната, така и на меѓународната сцена.

„Според мене, Меси е најдобриот фудбалер со кого сум играл и кој сум го гледал. Никогаш во животот не сум видел таков фудбалер, таков професионалец. Секогаш ќе бидам на неговата страна, секогаш ќе го бранам, ќе го бранам до мојата смрт. Меси е решение за секоја ситуација, Меси е решение за секој проблем на Барселона. Како тоа Меси е проблемот на Барса. Тоа не е точно”, изјави бразилскиот интернационалец.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.