Неимар се правда дека ненамерно го удрил Модриќ

Најголемата ѕвезда во репрезентативниот дрес на Бразил, Неимар, како смешна ја дефинираше пласираната информација дека намерно со лакт со има удрено репрезентативецот на Хрватска, Лука Модриќ.

За неспортскиот потег Неимар беше награден “само” со жолт картон, но снимката јасно покажа дека Неимар намерно и без топка го удира одличниот играч заврска.

“Не, не е точно дека имав таква намера, дека сакав намерно да го удрам Модриќ. Судијата стоеше многу блиску, ја виде целата ситуација. Убеден сум дека ќе добиев црвен картон, ако главниот арбитар видеше било каква намера во мојот потег”, изјави Неимар кој доколку добие уште еден жолт картон, ќе мора следниот натпревар да го следи од свечената ложа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.