Неимар убеден дека Бразил ќе биде светски шампион

Иако видно разочаран поради тешката повреда која ја заработи за време на четвртфиналниот дуел против селекцијата на Колумбија и поради која ќе мора да мирува во следните 30 дена, најголемата ѕвезда во репрезентативниот дрес на Бразил, Неимар изјави дека неговиот сон не е завршен и дека неговиот тим ќе ја освои светската титула.

„Тешко ми е. Во мојата глава нема зборови со кои би искажал како се чувствувам. Им благодарам на сите за грижата и за пораките за поддршка. Тоа многу ми значи. Знам дека сте со мене. Но, иако сум повреден мојот сон не е завршен. Тој и натаму трае и ќе трае се додека овие момци и без мене не станат шампиони. Сигурен сум дека сега имаат уште поголем мотив. Сите знаеме зошто сме тука, дека Бразил од нас очекува титула. Затоа одиме понатаму, до конечната победа“, изјави Неимар.