Неимар збесна поради аферата со Патриша Џордан

Најголемата ѕвезда во репрезентативниот дрес на Бразил, Неимар, повторно е во центартот на фудбалското внимание но сега поради најпознатото машко списание, “Плејбој”, кое најважните страници од најновиот број ги украси со неговата поранешна девојка, прекрасниот модел Патриша Џордан.

Напаѓачот на каталонскиот гигант Барселона збеснал откако ја видел насловната страница на која пошувало дека Патриша е негова поранешна девојка и веднаш веднаш го ангажираше својот адвокат и покрена тужба против челниците на списанието. Тој демантираше дека имал каква било врска со убавицата, и покрај тоа што на насловната стои насловот “Бринетата која го фасцинираше Неимар”.

Според информацијата што ја пласираше угледниот бразилски весник “Глобо”, Неимар не само што немал ништо со оваа девојка, туку прв пат слуша за неа.