Неимар згрозен од негативните коментари за Меси

Најголемата ѕвезда во репрезентативниот дрес на Бразил, Неимар, откри дека луѓето постојано зборат лоши работи за неговиот тимски колега и најважна алка во репрезентативниот дрес на Аргентина, Лионел Меси.

„Искрено, јас сум пријатно изненаден од Лионел Меси, ме изненади на сите можни полиња. Пред да се преселам во редовите на Барселона, слушнав многу лоши работи за Меси. Имаше такви луѓе кои постојано ми повторуваа дека Меси не е пријателски настроен, дека се однесува како недостапна ѕвезда, дека не разговара со тимските колеги, дека е главен во соблекувалната на Барселона. Тоа не е точно, се е обратно. Меси е вистински гение, секогаш ми помога, без разлика дали сме на зелениот терен или надвор од стадионот. Со свои очи видов како се однесува со останатите луѓе, со соиграчите. Сватив колку е добар, сватив дека станува збор за многу добра личност. Не можам да кажам ништо негативно за Меси”, изјави Неимар.