Неискреноста Заев го чинеше црвен картон во прво полувреме

Ги лажеа, манипулираа, ги лажеа и во оваа кампања. Одеа низ села и градови и велеа дека се промениле зашто ја промениле бојата и решиле да кажат дека се промениле, истакна лидерот на  ВМРО-ДПМНЕ, на митингот пред охриѓани.

„Сакаа да ги украдат нашите поранешни слогани и првиот слоган „Нов почеток“. Само со слогани и боја не се испраќа вистинска порака. Во 2006 кога јас настапив со тимот на изборите никому не му велев дека ВМРО-ДПМНЕ се променило. Народот гледаше колку е ВМРО-ДПМНЕ променето и промените кои беа очигледни. Народот го знаеше тоа, го процени. Тоа им се виде позитивно и ја дадоа поддршката, истакна Груевски.

Тој истакна дека Заев повторно е неискрен со луѓето и дека до бесвест му фали Црвенковски.

-На некои места му фали Бранко Црвенковски до бесвест. Го величи до небо. На други места вели дека се промениле и не се како тие пред тоа. А тоа е Бранко кој го утепа од фалење во некоја друга општина и кажал дека приватизацијата што ја направи Бранко е најдоброто нешто што можеше да се направи во тој период. Тоа е таа неискреност. Зоран Заев во кампањата сакаше да му се допадне на Бранко Црвенковски и народот. Народот му даде црвен картон во прво полувреме. Тоа е разликата, истакна Груевски.

Тој кажа дека кога одел по општини, градови и села, додаде Груевски, убаво го пречекале и се поздравувале со него, партиски активисти. Тоа му е основа да каже дека изборите не биле регуларни и не биле фер и слободни.

-Толку ли не сфаќа дека тие се негови партиски активисти и од него бараат интерес. Нека излезе без нив, па да си го види рејтингот, довербата и поддршката. Со кој памет излегува и кажува дека изборите не биле фер и демократски бидејќи шетал од град во град и го пречекувале убаво. Заев, луѓето и да не се за тебе ќе те поздрават, а не активистите. Луѓето се културен народ, Македонците се културни, заклучи Груевски.