Неизвесни избори во Италија

Италија гласа на парламентарните избори, чиишто резултати тешко може да се предвидат, бидејќи законот забранува испитувања на јавното мнение во последните две седмици од кампањата, но според оние објавени претходно во водство е десниот блок на неуништливиот Сивлио Берлускони.

Изборниот систем е нов и првпат е ќе биде применет. Станува збор за мешан состав во кој две третини од пратениците ќе се избираат пропорционално од партиските листи, а третина директно од изборните единици во еден круг. Системот кој ги фаворизира широките коалиции е прифатен минатата 2017 година, во прв ред за да се спречи директната победа на евроскептичното и антиестаблишмент Движење пет ѕвезди.

Политичките аналитичари се согласни дека двете најверојатни постизборни сценарија се или уште еден „камбек“ на поранешниот и со скандали обележан премиер Сивлио Берлускони или парламентарна пат-позиција во којашто ниедна партија нема да може да состави влада.

Иако блокот на Берлускони составен од неколку партии од десницата или десниот центар водат во анкетите пред Движењето пет ѕвезди (М5Ѕ) на сатиричарот Бепе Грило, анкетите укажуваат на тоа дека нема да освои целосна контрола над парламентот, а внатрешните поделби во коалицијата воопшто не одат во прилог на тоа, што побудува сомневања дали Берлускони е способен, доколку дојде на власт, и да се одржи подолго на таа позиција.

„Пат позицијата во парламентот или тесно парламентарно мнозинство на десниот центар се двете најверојатни сценарија“, прогнозира Вофлгано Пиколи, копретседател на консултантската компанија „ Teneo Intelligencе“, истакнувајќи дека последните анкети покажуваат дека конзервативците, сепак, нема да остварат убедлива победа.

Имајќи го предвид ова, многу политички коментатори предвидуваат постизборно пресогалсување во кое Берлускони и Демократската партија (PD), од левиот центар, којашто исто така ја води поранешен премиер, ќе ги здружат сили по примерот на Големата коалиција во Германија.

Сегашниот премиер, Паоло Џентилони, кој е кадар на левиот центар, и ужива доверба од целиот политички спектар во Италија, или претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани, поранешен портпарол на Берлускони, се споменуваат како компромисни кандидати да премиер.

 

Јакне расположението против естаблишментот или Берлускони како Качински

Меѓутоа, јакнењето на антисестаблишменското расположение во италијанската јавноста лесно би можело на власт да доведе влада предводена од радикалното Движење пет ѕвезди што би предизвикало потрес на финансиските пазари и кај италијанските партнери во Европската унија. Втората варијанта е нерешен исход од изборите коишто ќе ја доведат Италија во политички и финансиски ќорсокак, што значи и нови избори пред крајот на годината. Или, пак, составување технократска влада во избор на шефот на државата Серџо Матарела.

Анкетите кои се објавуваа до средината на февруари на блокот на Берлускони му даваа 40 отсто поддршка, додека на Движењето пет ѕвезди на и алевиот блок на Демократската партија по 30 отсто доверба. Овие показатели укажуваат дека Берлускони е во полн налет, по пресудата за даночно затајување и неговото протерување од парламентот во 2013 година, како и по операцијата на срцето пред три години. Неговите ветувања за кастрење на даноците и протерување на 600.000 имигранти се оценуваат како нереални. Полнејќи 81 година, се претставува како мудар и проевропски државник, за разлика од недефинираното Движење пет ѕвезди.

Берлускони, меѓутоа, не може сам да ја преземе лично власа поради своето кривично досие. Тој се надева дека ќе се позиционира како решавачки фактор во идната влада, доколку неговата влада освои мнозинство во парламентот и ќе ги води конците од зад сцената, како моќниот Јарослав Качински во Полска.

Имајќи предвид дека анкетите проценуваат дека околу третина од речиси 51 милиони гласачи не се решени за кого да гласаат, резултатите од изборите е тешко да се предвидат, особено поради неодлучноста која е изразена во јужните региони каде што Движењето пет ѕвезди би можело да оствари историски пробив.

„Демократската партија се урива, сега се води трка меѓу нас и десниот центар“, изјави премиерскиот кандидат на Движењето пет ѕвезди, Луиџи Дио Мајо, 31-годишен незавршен студент и замени ка претседателот на долниот дом на парламентот.

Ди Мајо, кој го замени Бепе Грило на чело на движењето минатата година, насочувајќи го движењето во поумерените води, на пример, откажувајќи се од плановите да се одржи референдум за излегување од еврозоната. „Време е да се прифатат промените, бидејќи веќе нема причина за страв од нив“, изјави ветувајќи дека во неговата влада нема да влезат „истите оние лица кои Италијанците ги гледаат веќе 20 години“.

Критичарите предупредуваат дека најголемата слабост на оваа партија е неискуството, но токму тоа ги привлекува многуте нејзини приврзаници, коишто посакуваат италијанската честопати корумпирана политика да тргне од почеток, а провлечени од ветувањата дека партијата ќе воведе субвенции за лицата со минимални приходи.

Што и да мислат приватно за него, европските челници на овие италијански избори навиваат за Берлускони, бидејќи тој, и со своите недостатоци, им е посигурна опција од непредвидливото Движење пет ѕвезди. Според Даниел Грос, германски економист кој го води институтот Центар за студии на европската политика, поддржувајќи го Берлускони, европскиот естаблишмент калкулира дека е „подобриот ѓавол кој го познава“.

 

Се тресат демократите

Во меѓувреме, владејачката Демократска партија ја губи почвата под нозете иако постигна одредени успеси додека беше на власт. Гласачите наведуваат дека економијата и миграциите се нивните најголеми причини за загриженсота, но партијата успеа да го намали бројот на имигрантите кои доаѓаат од Либија и да ја извлече земјата од нова рекордна рецесија по кусотрајното закрепнување.

„Дали ви е подобро или полошо од пред четири години: Тоа е прашањето коешто ќе го поставиме“ на гласачите, рече Матео Ренци минатиот месец, но таа порака не дава резултати.

Италијанската економија и натаму заостанува зад другите европски економии, а повеќето од „милион нови работни места“ со коишто поранешниот премиер Ренци често пати се фали се слабо платени и привремени, што може да објасни зошто не постои добро чувство коешто би одело во прилог на неговата партија.

Освен што гласовите на левицата ги привлече новата партија Слободни и еднакви, Демократската партија ја поткопува и кризата на популарноста на младиот Ренци која беше поткопаната од поразот на референдумот во 2016-та за уставните реформи, поради што и мораше да поднесе оставка.

Според анкетите, Демократската партија има многу потенцијал за подобрување на својата позиција доколку врати некои од своите разочарани избирачи. Резултатот од изборите кои се очекуваат во понеделник ќе покажат дали контроверзен политичар како Ренци е вистинскиот човек за таа задача.