Спорт

сите рекорди и стрелци во лигата на шампионите Нејмар го брка рекордот во ЛШ кој го немаат ниту Роналдо, ниту Меси

Нејмар го брка рекордот во ЛШ кој го немаат ниту Роналдо, ниту Меси

Бразилскиот фудбалски ас Нејмар во редовите на Пари Сен Жермен е на чекор до рекордот кој досега не успеаја да го остварат ниту Аргентинецот Лионел Меси во дресот на Барселона, ниту Португалецот кој настапуваше во најелитното континентално клупско натпреварување за Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, иако двајцата вкупно постигнаа повеќе од 200 голови во Лигата на шампионите.

Напаѓачот на ПСЖ би можел да стане првиот игра во историјата на Лигата на шампионите кој постигна гол на сите шест натпревари во групата во една сезона во Лигата на шампионите. Нејмар годинава во досегашните пет меча постигна шест погодоци.

Нејмар серијата ја отвори во првото коло постигнувајќи еден гол во гостинската победа против Селтик од 5:0, потоа во второто коло постигна погодок против Баерн Минхен во победата од 3:0,, Следеа двете победи против Андерлехт од 4:0 и 5:0 и уште два гола на Бразилецот, а минатото коло посигна два гола во домашната победа над Селтик од 7:1/

Роналдо во ЛШ постигна рекордни 113 голови од кои 59 во натпреварите по групи, додека Меси постигна 97 голови од кои 60 во групната фаза, но ниеден од овие двајца не успеал да се запише во листата на стрелците во сите шест дуели во групата.

ПСЖ со 24 голови во првите пет кола стана најефикасниот клуб во групната фаза од Лигата на шампионите. Досега овој рекорд го држеше Борусија Дортмунд која мината сезона 2016/2017 постигна 21 погодок. Парижаните имаат можност и да го попрвата свој сегашен рекорд во последното коло во Минхен против Баерн.

Уште еден рекорд во својата кариера пребогата со рекордни лови и Кристијано Роналдо. Португалецот ќе се обиде да го престигне Лионел Меси по бројот на голови постигнати во групната фаза на Лигата на шампионите, категорија во којашто аргентинскиот ас има предност од еден гол. Барселона во вторникот го пречекува Спортинг, додека Реал следниот ден ќе биде домаќин на Борусија Дортмунд.

 

Стрелци по групи во ЛШ

60 – Лионел Меси (Барселона)

59 – Кристијано Роналдо (Манчестер јунајтед, Реал Мадрид)

40 – Карим Бензема (Лион, Реал Мадрид)

32 – Златан Ибрахимовиќ (Ајакс, Јувентус, Интернационале Милано, Барселона, АС Милан, ПСЖ, Манчестер јунајтед)

29 – Раул Гонзалес (Реал Мадрид, Шалке 04).

 

Најмногу голови во група во ЛШ по сезони

2015/16 – 11, Кристијано Роналдо (Реал Мадрид)

2106/17 – 10, Лионел Меси (Барселона)

2014/15 – 9, Лиуз Адриано (Шахтјор)

2013/14 – 9, Кристијано Роналдо (Реал Мадрид).

 

Најдобри стрелци во ЛШ во сезоната 2017/18

8 – Кристијано Роналдо (Реал Мадрид)

6 – Хари Кејн (Тотенхем), Висам Бен Једер (Атлетико Мадрид), Единсон Кавани (ПСЖ) и Нејмар (ПСЖ).

 

Најмногу голови во групи во ЛШ клубови

24 – Пари Сен Жермен, 2017/18

21 – Борусија Дормунд 2016/17

20 – Манчестер Јунајтед 1998/99, Барселона во 2011/12, Реал Мадрид 2013/14 и Барселона 2016/17.