Нејмар најави продолжување на договорот со Барселона

Претходните недели се шпекулираше дека Нејмар има желба да си оди од “Камп Ноу”, и дека поради тоа одолговлекува со преговорите околу новиот договор.

Манчестер Јунајтед е наводно заинтересиран за одличниот Бразилец, а и самиот фудбалер призна во еден момент дека имало разговори за преселба на “Олд Трафорд”.

Но, сепак, сега изрази желба да остане во Барселона за која од 2013 година постигна 46 гола на 67 натпревари.

Преговорите почнаа. Ми остануваат уште многу години договор овде. Сигурно ќе потпишам нов, бидете мирни. Навивачите мора да останат мирни, истакна Нејмар.