Нејтан е првото засилување на Челзи за следната сезона

Младиот бразилски офанзивен халф, Нејтан е првото засилување за Челси за новата сезона.

Веста ја потврди самиот фудбалер на социјалните мрежи имајќи предвид дека клубовите немаат право во овој период да ангажираат засилувања за идната сезона. Нејтан во моментов е член на Атлетико Параненсе, а во новиот англиски првак доаѓа за 4,5 милиони евра. Во текот на минатиот месец тој престојувал во Лондон на преговори, а вчера ги минал медицинските тестови и ставил потпис на договорот.

“Мојот сон се оствари, сакам да му се заблагодарам на Господ што постојано бил со мене. Ќе се обидам да му помогнам на Челси во остварувањето на амбициите, ние сите сме сини”
, напиша меѓу другото 19-годишниот Нејтан на социјалните мрежи.

Тој ќе има голем број сонародници во Челси бидејќи членови на овој клуб се уште Вилиан, Рамирес, Филипе Луис, Оскар и Диего Коста.