Магазин

Нејзината тајна е во длабокиот шлиц

Нејзината тајна е во длабокиот шлиц

Латино дивата Џенифер Лопез секогаш се труди на црвениот килим да изгледа сексипилно и гламурозно. Речиси секогаш тоа и’ тргнува од рака. Дури и во 45-тата година од животот. Во што е нејзината тајна? Можеби во длабокиот шлиц? Еве неколку нејзини изданија.

1. Fashion rock 2014

j_lo_1

Долго се разговарало за провокативниот црн фустан со златни детали од колекциите Версаче, која Џеј Ло ја носеше на свеченоста „Fashion rock“.

2. Ем Ти Ви музички награди 2014

j_lo_2

Фустанот што латино дивата го носеше на доделувањето на Ем Ти Ви наградите е еден од најсмелите.

3. Билборд музички награди 2014

j_lo_3

Заедно со тогашниот избраник Каспер, Џеј Ло се појави на црвениот килим во дизајн  на Дона Каран со длабок отвот на средина.

4. Жена на годината на Гламур 2014

j_lo_4

Таа вечер Џенифел наградата за жена на годината ја прими од Донатела Версаче во чијашто креација и беше облечена. Овој пат се појави во нешто поромантично издание, но повторно нејзините нозе беа во прв план.

5. Греми награди 2013

j_lo_5

Голем број од присутните коментираа за фустанот во кој Џенифер Лопез се појави на црвениот килим. Фустанот на Ентони Вачарело потсетува на незаборавниот зелен фустан на Версаче, што Џенифер го носеше на доделувањето на Ем Ти Ви наградите во 2000 година.

6. Греми награди 2010

j_lo_6

Уште еден фустан од Версаче и уште еден длабок шлиц

7. Американски музички награди 2011

j_lo_7

Уште еден длабок шлиц, но во однос на претходните изданија, многу „посмирен“.

8. Златен глобус 2015

j_lo_8

Последниот длабок шлиц на Џеј Ло го видовме пред два дена на доделувањето на Златниот глобус.