Некогаш продавач во бутик, летово најскап фудбалер на Вест Хем

Некогаш продавач во бутик, летово најскап фудбалер на Вест Хем

На последниот натпревар од третото коло во Премиер лигата, на кој Вест Хем го пречека тимот на Њукасл, токму Пајет ги постигна двата гола за победа на својот тим.

Иако сега ги собира “плодовите” од вредната работа во текот на кариерата, не било се така сјајно на почетокот.

Пајет уште на 18 години заработувал на страна од фудбалот
Пајет уште на 18 години заработувал на страна од фудбалот

Француските медиуми објавија сторија како 18-годишниот Димитри Пајет, во периодот кога бил член на Нант, и имал аматерски договор со клубот, морал да работи како продавач во бутик за да го пополни семејниот буџет.

Но, неговата истрајност и желбата за напредок го вивнала високо во фудбалскиот свет. По Нант, тој замина во Сен Етјен, потоа и во Лил, а во Олимпик Марсеј се наметна како најдобар асистент во француското првенство и направи трансфер вреден 15 милиони евра во Вест Хем.

Во францускиот шампионат одигра вкупно 305 натпревари и постигна 57 голови. Сега 28-годишниот Пајет има нова мисија, да го докаже својот квалитет и во Премиер – лигата, а според стартот, одлично му оди…