Магазин

(ФОТО) Некогаш и сега: Актерките од серијата „Сексот и градот“

(ФОТО) Некогаш и сега: Актерките од серијата „Сексот и градот“

Поминаа точно десет години откако е емитувана последната епизода од популарната серија „Сексот и градот“. Многу фанови знаат поедини епизоди, па дури  и цели сезони на памет, а ништо не испуштаат ни од случувањата во приватниот живот на главните протагонистки на оваа серија.
Ако сте се прашале како Кери, Шарлот, Саманта и Миранда изгледаат денес, погледајте.

Сара Џесика Паркер

Сара Џесика Паркер ја играше колумнистката Кери, опседната со чевли, мода и мажи. Инспирацијата за колумни Кери ја наоѓа, воглавно, во своите дисфункционални врски со мажите.

Сара Џесика е единствена од оваа четворка која кариерата ја продолжила и на филмското платно. Денес има 49 години.

Синтија Никсон

Синтија Никсон ја игра ироничната Миранда Хобс, независна и амбициозна адвокатка. Не се појавувала во многу филмови по серијата, но ја шокираше јавноста кога во 2010 година ја потврди својата хомосексуална ориентација.

Синтија сега има 48 години, поинаква боја на коса и за свои години изгледа сосема добро.

Кристин Дејвис

Кристин Дејвис се прослави со улогата на шармантната Шарлот Јорк во серијата „Сексот и градот“. Таа е најконзервативната во групата, а воедно и најоптимистична. Се појавува во неколку филмови по серијата, вклучувајќи ја и хит комедијата „Couples Retreat” од 2009 година.

Кристин денеска има 49 години и е излекуван алкохоличар.

Ким Катрал

Ким Катрал можеби е најпозната по улогата во серијата „Сексот и градот“. Глумеше нескротена „голтачка“ на мажи, опседната со убавина и желба што подолго да го задржи младиот изглед.

Ким во август наполни 58 години, а годините оставиле  трага на нејзиното лице.