Некогаш во Премиерлигата, а сега ќе игра за селски клуб

Поранешниот фудбалер на Тотенхем и репрезентативец на Велс Сајмон Дејвис потпиша за клуб од локално село.

Дејвис, кој своевремено имал неделна плата од 30.000 фунти, сега ќе мора како и сите останати да плаќа чланарина во износ од три фунти за да игра во клубот Солва од Пембрукшир.

Велшанецот на овој ангажман се согласил кога допатувал во ова место да го посети семејството.

Фудбалерот, кој во својата 15-годишна кариера настапуваше уште за Фулам, Евертон и Питерборо, минатото лето ја одби понудата на Солва, но сега одлучил да се врати.

Капитен и голман на тимот Солва е неговиот помлад брат Крис.