Балкан

Некој планирал атентат врз ќерката на Ердоган?

Некој планирал атентат врз ќерката на Ердоган?

Главниот обвинител во Анкара покрена истрага по информациите во дел од медиумите за можност за атентат врз Сумеја Ердоган (29), ќерката на претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, пишува Ал Џезира повикувајќи се на агенцијата Анадолија.

Неколку дневни весници денеска пишуваа дека атентатот врз ќерката на Ердоган го наредил Фетулах Ѓулен, имамот кој од 1999 година живее во САД.

По објавувањето на информациите, Обвинителството во Анкара покрена истрага.

Адвокатот на Ѓулен, кој воедно е и пратеник од редовите на опозицијата ги негираше овие информации тврдејќи дека се работи за „валкана кампања“.

фото: Анадолија