Некој се обидува да ја фалсификува волјата на граѓаните на Македонија

тодоров

-Посебно говорам на прифаќањето на поднесениот приговор од страна на политичката партија Беса и кога донесоа една жена која тврдеше дека некој друг гласал за нејзе и дека не и било дозволено да гласа. А со оваа одлука јас не знам дали се свесни мнозинството на ДИК што направија? Со оваа одлука тие одлучија во затвор да пратат 7 невини луѓе, со оваа одлука тие одлучија да не веруваат на членовите и замениците членови на избирачкиот одбор кои што јавно тврдеа дека кај жената се покажани остатоци од спреј кој го покажала УВ-ламбата, потписот како и споредбата на фотографијата на личната карта со нејзиниот идентитет и сето тоа се погазува врз основа на едно нарачано графолошко вештачење кое што е направено целосно спротивно на законот, вели Тодоров.

Тој исто така во интерјуто додава и дека Фатиме Сулејмани била дојдена со најновото Ауди А8, а тоа доведува до прашањето кој ја донел жената пред ДИК, како и дека седум невини луѓе се ставаат во затвор поради нечие сценарио.

Целото интервју погледнете го во продолжение.