Неколку десетици Руси и борци од поранешен СССР ранети во Сирија

Неколку десетици руски државјани и граѓани од другите држави од поранешниот Советски сојуз се ранети во последните сидири во Сирија, а се лекуваат во руските болници, соопшти руското министерство за надворешни работи.

Во соопштението од вторникот руското министерство за надворешни работи појаснува дека „во неодамнешниот воен судир, во кој на ниеден начин не учествувале војници на Руската Федерација…. настрадле Руси и државјани на членките на Заедницата на независни држави“, како и дека на сите им е помогнато да се вратат во Русија и оти според сознанието тие се лекуваат во неколку медицински установи.

„Како што веќе беше соопштено, има руски државјани кои во Сирија заминале по своја волја и со разни цели. Не е работа на министерството за надворешни работи да ја проценува законитоста и на таквите одлуки“, се појаснува во соопштението кое го пренесува агенцијата РИА.

Американски неименувани извори минатата седмица за агенцијата Reuters рекле дека „околу 300 лица, вработени во приватна воеан компанија блиска на Кремљ, на почетокот од февруари се убиени или ранети во бирби во Сирија против коалициските сили предводени од САД“.

Овој случај, пишува Reuters, покажува дека Русија е подлабоко воено вмешана во Сирија отколку шо тврди, како и дека постои опасност од директна конфтонтација со САД кој има распоредено најмалку две илјади свои војници на сириска територија.

Официјална Москва овие информации ги нарече шпекулчации и дека во тој воздушен напад изведен од коалицијата предводена од САД врз платенички милиции блиски до владата во Дамаск биле ранети 25 лица наместо „стотиците ранети и убиени“ во медиумските извештаини, но не беше потврдено дали станува збор за руски државјани.

Во неделата американскиот министер за одбрана Џим Матис не сакаше да ја обвини Русија за наводно неодамнешниот напад врз поциџиите на американските сојузници во Сирија, но рече дека сака истрага.

Матис рече дека разбиреа дека Москва признва дека нејзини државјани биле мешани во тој напад, но оти очигледно е изведен „без знаење на руските офицеро со коишто се договараме преку комуникацискиот канал“, во зоната на деескалација.

Западни извори тврдат дека „многу руски државјани во Сирија се борат како платеници за сметка на приватната воена компанија ‘Вагнер’“.

„Вагнеровата група“, според извори на западните медиуми, не е легална бидејќи приватни воени компании во Русија се забранети, но наведуваат дека наводно постојат многу документи кои покажуваат дека оваа организација била присутна во Сирија и во источна Украина.

Според нив, во Сирија се појавила во есетна 2015 година кога Русија ја започна воздушната кампња по барање на сирискиот претседател Башар ал-Асад како поддршка за владината армија. Бројот на припадниците на „Вагнеровата група“ во Сирија се менувал во зависно од потребите и се движел од 2.500 за време на најжестоките борби до 1.000 во просек, а нивниот број е намален во летото 2016 година.