Неколку ефикасни домашни маски за лице

Маска за омекнување на кожата

Мешавина од шест кафени лажици гроздово масло, две капки масло од рози, една лажичка загреан мед и пет кафени лажици мелени бадеми за да се добие густина на смесата.

Маска за чистење на лицето

Измешајте заедно половина чаша обичен јогурт, половина чаша пченкарно брашно и четвртина чаша цеден сок од грејпфрут. Оставете го во фрижидер малку да се замрзне пред да употребувате.

Маска за хидратација

Испасирате половина авокадо, додадете половина чаша обичен јогурт и четвртина чаша мед. Маската нанесете ја на лицето нежно со памук или сунѓерче за лице.

Маска за смирување на кожата на лицето

Се комбинираат три кафени лажици алое вера сок, една кафена лажица алое вера гел и две капки масло од роза. Нанесете ја со памук на лицето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.