Неколку илјади тетовчани со мирен марш побараа избори на 5 јуни

Неколку илјади тетовчани со мирен марш побараа избори на 5 јуни. Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) денеска одржува народен собир во Тетово, каде што неколку илјади граѓани мирно со протестен марш застанаа зад слоганот „Македонија е се што имаме“.

gdon-te

Неколкуте илјади граѓани низ тетовските улици се собраа за да кажат дека сакаат одржување на избори на 5 јуни, за да се стави крај на политичката криза која предолго трае.

gdom-te2