Неколку интересни дуели во Купот на Македонија во фудбал

Брегалница-Хоризонт Турново во Штип, и Тетекс-Шкупи во Тетово се најинтересните пресметки од денешните реванш дуели во осминафиналето од Купот на Македонија.

Хоризонт Турново на домашен терен не успеа да направи предност, па така Брегалница ќе има своевидна предност на домашен терен, додека Тетекс и најдобрата второлигашка екипа Шкупи исто така стартуваат израмнети по ремито (1-1) од Чаир.

Во случај на идентичен резултат веднаш се преминува кон изведување на пенали, без продолженија.

1/8-финале Реванш средби од Купот на Македонија

ДЕНЕСКА, 12 часот

Тетово: РЕНОВА – ГОСТИВАР (4-1)

ДЕНЕСКА, 15 часот

Штип: БРЕГАЛНИЦА – ХОРИЗОНТ Т. (0-0)

Тетово: ТЕТЕКС – ШКУПИ (1-1)

Скопје: ЕУРОМИЛК – СИЛЕКС (1-1)

Боговиње: ДРИТА – ПОБЕДА (1-1)

Кичево: НАПРЕДОК – КОЖУФ (0-2)

21.октомври.2014 (14:30 часот)

РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР (0-0)

22.октомври.2014 (14:30 часот)

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (1-2)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.