Неколку изборни инциденти, излезност над 34 отсто до 12 часот

Сите кандидати за претседател на Русија гласале, а гланиот опозиционер Алексеј Навални обвини дека се пронајдени веќепополнети гласачки ливчиња со заокружено име на Владимир Путин.

Руските претставници по гласањето на денешните претседателски избори во земјата објавија дека проверуваат неколку инциденти со вметнување лажни гласачки ливчиња во избирачките места, објави АП.
Се тврди дека еден од инцидентите бил забележан во градот Љубирци во предградието на Москва, при што, според претседателот на изборната комисија за московскиот регион, Ирина Коновалова, биле претходно заокружени листови кои биле вметнати во гласачката кутија, поради што сите гласови во тој кутија биле неважечки.
Во градот Артем на Далечниот Исток на Русија, неидентификуван човек фрли неколку листови во кутија, која потоа била запечатена и уапсен еден човек.
Навални, чија кандидатура е забранета, објавува снимки и фотографии од неправилностите на избирачките места низ цела Русија на неговиот профил на Твитер.

Според податоците на Централната изборна комисија (ЦИК), излезноста до 12 часот е 34,72 отсто.
– Космонаутот Антон Скапларов гласаше на претседателските избори во Русија и контактираше со ЦИК на Русија. Излезноста на бродот на Меѓународната вселенска станица е 100 отсто – објави ЦИК.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.