Неколку кривични пријави за неовластено производство и продавање на дрога

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.К.(30) од Охрид, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 09.02.2014 година, околу 13,00 часот, во Охрид на ул. „Лазо Трповски“ пријавениот на 29 годишно лице му дал наркотична дрога, а потоа полициски службеници извршиле преглед над лицето кај кого пронашле две пакувања со 0,38 грама хероин.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.С.(24) од Охрид, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 24.02.2014 година, околу 19,30 часот, во Охрид од страна на полициски службеници е извршен преглед над пријавениот, кај кого е пронајдено едно пакување со 1,6 грама марихуана. По ова, извршен е претрес во неговиот дом каде е пронајдена 4,1 грама марихуана.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Ј.(35), за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 20.08.2014 година, во општата болница во Охрид било хоспитализирано 31 годишно лице поради предозираност со дрога, а од извршен разговор со полициски службеници е утврдено дека истиот ден од Д.Ј. купил 0,9 кубици метадон и три ампули „диазепам“ за износ од 750 денари.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.Б.(25) од Охрид, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 01.04.2014 година, во 21,10 часот на ул. „Охридска“ во Битола откако пријавениот забележал полициски службеници истиот фрлил цигара и пакување со непозната растителна материја. По ова, од страна на полицијата од лице место се земени предметите и е утврдено дека се работи за 0,55 грама марихуана.

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Г.(26) од Битола, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 11.07.2014 година, во Битола од страна на полициски службеници е извршен претрес во домот на пријавениот, каде е пронајдена и одземена пластична саксија со едно растение „канабис“.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Ј.(30) од Охрид, за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 12.09.2014 година во Охрид на ул. „Ванчо Питошевски“ од страна на полициски службеници затекнат е пријавениот и уште едно лице, кои се оддаваат на уживање на дрога. Од преземени мерки е утврдено дека пријавениот набавил џоинт со тежина од 0,26 грама мешавина на тутун и марихуана, а пота го повикал лицето за да користат од дрогата.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.М.(26) и С.Т.(27), двајцата од Куманово, за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“. Пријавените откако набавиле 1,95 грама марихуана, со селотејп ја залепиле за мобилен телефон, а потоа на 19.03.2014 година се обиделе да ја внесат во затворот во Штип и да ја дадат на лице од Куманово, кој издржувал казна затвор, но од страна на полициски службеници дрогата е пронајдена.