Неколку куќи горат во скопско Злокуќани

Пожар во повеќе куќи избувнал во скопската населба Злокуќани.

Огнот избувнал пред непол час, а во противпожарните единици било пријавено околу 13.40 часот.

Командирот на скопската противпожарна бригада Ѕвонко Томевски во изјава за Курир вели дека во пожарот зафатени се четири куќи под една кровна конструкција, но истиот е локализиран.

Томевски додава дека на терен биле испратени 13 пожарникари со пет противпожарни возила.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.