Неколку лица повикани на разговор по инцидентот кај Сити Мол

Неколку лица се повикани на разговор по вчерашниот инцидент кај „Сити мол“ во кој едно лице беше нападнато со остар предмет, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Инцидентот се случи вчера околу 19.40 часот на улицата „Љубљанска“ кај „Сити мол“ – додека В.Ќ.(20) и неговиот брат С.Ќ.(23) од Скопје со патничко возило „голф“ се движеле по еднонасочната улица се пресретнале со друго патничко возило во кое биле две непознати лица, кои започнале вербална расправија, а потоа физички ги нападнале, по што едното лице со нож го расекло В.Ќ. по главата и по телото.

Повредениот е пренесен во Ургентниот центар – Скопје каде што му е укажана лекарска помош.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.