Неколку лица повредени во престрелка на железничката во Минхен

Неколку лица, меѓу кои и полицајка, се сериозно повредени на железничка станица во Минхен, објави во вторникот германската полиција којашто смета дека не станува збор за дело од тероризмот.

Според телвизијата N24, маж извадил пиштол и пукал во полицајка при проверка на патни документи во воз. Таа е тешко ранета, а настрадале уште неколку лица.

Минхенската полиција потврди дека во пукањето се ранети три лица во воз, меѓу кои и полициска службеничка. Напаѓачот бил уапсен, тој исто така е ранет.

Инцидентот се одиграл на станицата „Унтенфоринг“, во североисточното предградие на Минхен. Градаската железница на Минхен соопшти дека бил привремено запрен соорбаќајот, а железничката станица блокирана.

„Според сознанијата на полицијата, не станува збор за терористички чин“, пренесува покраинската јавна телевизија Bayerischer Rundfunk.

Полицијата првично оценува дека напаѓачот дејствувал од лични а не од религиозни или политички мотиви, изјавила портпаролката на минхенската полиција за N24.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.