Неколку лица ранети во напад со нож во Лондон

Неидентификуван маж со нож нападнал луѓе во лондонската подземна железница во понеделникот вечерта, при што се поведени три лица.

Нападот, како што пренесува електронското издание на весникот The Independent, се случил на станицата „Парсон Грин“ во лондонското метро. Жртвите на нападот, сите мажи, биле префрлени во болница. Нивната состојба засега е непозната.

Од Скотланд јард соопштиле дека нападот не го третираат како терористички напад.

На истата метро станица „Парсон Грин“ кон средината на септември се случи експлозија на импровизирана бомба во вагон во подземната железница, во којашто по стампедото беа повредени 30 луѓе.

Поради нападот на станицата „Парсон Грин“, кој го карактеризираше како терористички чин, британската влада презема ретка мерка, односно распоредување на војската на улиците.