сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 20

Неколку минути по експлозијата во Истанбул, фатена жена – бомбаш

2

Поврзани вести

Полицијата фатила жена-бомбаш која планирала да изведе уште еден напад по првиот што се случи утрово во близина на пазарот Султан Ахмед во Истанбул, пишува британски „Сан“.

Во првиот напад најмалку десет лица го загубија животот, меѓу кои и напаѓачот. Местото во близина на Палатата Топкапи и Сината Џамија е затворена, поради страв од нови експлозии.

4

Експлозивот бил активиран во близина на група туристи кои биле во обиколка на центарот на градот.

Очевидците и припадници на турската полиција изјавиле дека на местото на настанот има делови од телата на убиените.

Инаку во октомври минатата година главната железничка станица во Анкара беша мета на терористички напади, во кои животот го загубија околу 100 лица.

Според изјавата на властите, нападот е изведел од страна на локална ќелија на Исламска Држава.

Најчитани вести