Неколку начини на кои жените може да постигнат оргазам без секс

Еве уште неколку невообичаени стимуланси што може да предизвикаат оргазам:

  1. Можеби ова може да ве засрами во фризерскиот салон, но посебен феноменот наречен Одговор на Автономен Сензорен Меридијан може да предизвика жените да имаат искуство слично на оргазам кое е предизвикано од допирот на главата. Овој феномен кај некои жени често се случува додека ја кратат косата, но други жени може да искусат вакви „мозочни оргазми“ со помош на гледање видео материјал што буди чудни фантазии – како жени што нанесуваат шминка и слично.
  2. Под влијание на одредени медикаменти, кај некои жени се јавуваат несакани ефекти, односно мошне силни оргазми.
  3. Барем една жена во Холандија може да го доживее врвот додека пешачи боса. Ова се случило откако жената претрпела повреда на нервите, по што неможела да прави разлика помеѓу стимулирањето на стопалата и вагината. Според медицинските експерти ова не е невообичаена појава.
  4. Според истражувањата околу 40 отсто од жените доживеале оргазам за време на вежбање. Се’ уште не може точно да се утврди зошто се случува ова, особено ако се земе предвид дека нема директна стимулација, ниту пак се вклучени некакви фантазии.
  5. Околу 0, 3 отсто од мајките доживеале оргазам за време на продоувањето. Останатите, најверојатно само врескаат и викаат поради најразлични причини.
  6. Влажните сништа не се карактеристични само за мажите, овој феномен е присутен и кај жените. Се јавува поради протокот на крвта во гениталиите и жените доживуваат несвесно оргазам.
  7. За разлика од мажите, околу 80 отсто од жените што имале влажни сништа, не мора да сонуваат настрани сништа за да стигнат до врвот.