Неколку населени места утре без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, информира дека, утре, среда (28.01.2015 година), без електрична енергија ќе останат неколку населени места низ главниот град.

Според соопштението на РЦУК, ова се периодите и улиците каде ќе нема струја:

• од 11.00 – 13.30 часот дел од Чардак и дел од с. Бразда;
• од 09.30 – 14.00 часот дел од с. Сандево;
• од 12.00 – 15.00 часот ул. Пекљане – ул.1;
• од 08.30 – 14.30 часот потрошувачите од улиците Џон Кенеди и Цветан Димов;
• од 07.45 – 09.45 часот дел од објектите на бул. Словенечка, касарната Илинден и дел од Топаана и
• од 09.00 – 11.00 часот ул. Штросмаерова.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.