Неколку продолжени викенди и денови за одмор во април и мај

Април и мај носат неколку продолжени викенди и денови за одмор.

Православните верници ќе одмораат вториот викенд од април, кога , за нив не работни се 10 април кога е Велики Петок, петок пред Велигден и 13 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар. Тогаш нема да работат сите граѓани на Македонија.

За граѓаните од католичка вероисповед неработен ќе биде 6-ти  април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, а за граѓаните припадници на ромската заедница во РМ, неработен ќе биде  8-ми април (среда), Меѓународен ден на Ромите.

Потоа следува уште еден не рабoтен ден за сите граѓани на Македонија 1 мај (петок), кога е Ден на трудот. Тогаш следува продолжен викенд.

Со оглед дека неработниот 24 мај „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители е во недела, неработен ќе биде и 25 мај (понеделник), што значи уште еден подолжен викенд во мај за сите граѓани на Македонија. По три дена работа, православните верници добиваат уште еден неработен ден – петок, 29 мај кога е Духовден, петок пред Духовден.

И Власите имаат уште еден неработен ден во мај – 23 мај (сабота), Национален ден на Власите.