Неколку секојдневни навики што го подобруваат расположението

Еве кои навики го подобруваат расположението според научните истражувања:

Помирисајте ги розите

Едно истражување на Хардвард покажало дека луѓето што во домот чувале свежо скинато цвеќе се чувствувале поенергично и помалку биле загрижени.

Трошете паметно

Во една студија од 2014-тата на Државниот Универзитет во Сан Франциско научниците докажале дека животните искуства (на пример патувањата) ги прават луѓето посречни од купувањето работи.

Почнете да пиете ајс кафе

Ако пиете 4 или повеќе лименки газирани пијалаци дневно го зголемувате ризикот од депресија за 30 отсто, а пиењето четири чаши шолји кафе дневно го намалува ризикот за 10 отсто, според една студија од минатата година.

Земете витамин Д

Според една студија од 2012-тата спроведена врз повеќе од 12.000 лица, оние со најниско ниво на витамин Д во организмот имале најголеми изгледи да западнат во депресија. Добро е да направите тест чисто за да знаете на кое ниво сте.

Вежбајте редовно

Редовното вежбање кај лицата што се на возраст помеѓу 20 и 40 години, односно вежбањето три пати неделно го намалува ризикот од депресија за 16 отсто, утврди едно британско истражување објавено во 2014-тата година

Намалете со Фејсбук…

Оваа социјална мрежа се поврзува со падот на среќата во животот и животната сатисфакција, според студијата на Универзитетот во Мичиген од 2013-тата.

… и медитирајте

Секојдневната медитација може да им помогне на некои луѓе да се ослободат од анксиозноста и од депресијата.