Неколку штипски и струмички села утре без струја

Во текот на утрешниот ден без струја ќе останат жителите на дел од штипските села Крупиште и Радање, дел од струмичкото село Робово (кон црква и зад црква) и во Струга објектите АКН, УЈП и Пензионерски дом.

Од ЕВН известуваат дека прекините се заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија.