Неколку скопски населби и села во петок без струја

Дел од корисниците од улицата „Благоја Паровиќ“ во општина Чаир утре од 9 до 12 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 8:30 до 15 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од улицата „Прохор Пчински“ во општина Чаир, од 10 до 12 часот корисниците од улиците „Козјак“ и „Франк Хардкорт – Манинг“, како и зградите на улицата „Христо Татарчев“ 47а, 47б, 47в, 47г во општина Кисела Вода, а од 9 до 10 часот корисниците од улиците „Нов Живот“, „Брсјачка Буна“ и „Злетовска“ во општина Шуто Оризари.

Во периодот од 6:30 до 7:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „Франклин Рузвелт“ зграда бр. 68 во општина Карпош, од 8 до 10 часот корисниците од улицата „Сава Ковачевиќ“ бр. 22, 24, 26, наспроти „Американ констракшн“ во општина Кисела Вода, од 6:30 до 13:30 часот корисниците од централниот дел од населбата Јурумлери, а од 6:30 до 8, како и од 12:30 до 13:30 часот корисниците од населените места Трубарево, Идризово, и дел од корисниците од Јурумлери кон Драчево.

Утре од 8:30 до 16 часот без струја ќе се и корисниците од селата Цветово, Драчевица, Рамни Габер, Мала Река, Горно и Долно Количани, Црвена Вода, Палигар, воените објекти на Караџица, како и базните станици, рибникот на Принцес во Мала Река и делот од општина Студеничани на патот за Караџица.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето закажани технички зафати во системот од страна на ЕВН Македонија АД.