Неколку скопски населби и села без струја

Од 9 до 11:30 часот, без струја ќе бидат и дел од корисниците од улиците „Сердарот“, „Партизански пат“, „Јустинијан Први“ и „Солунска Глава“, во општина Кисела Вода, а од 9 до 15 часот и од улиците „Нов Живот“, „Дринска“ и „Виничка“ во општина Шуто Оризари и од село Долна Арнакија.

Во периодот од 9:30 до 12 часот, струја ќе немаат и корисниците со непарни броеви од улицата „Мраморец“ во општина Карпош.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипите на ЕВН Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.